Radio Pela diretta

Radio Pela
Play

Radio Pela diretta

Volume
Unfavorite Pop Up

A proposito di Radio Pela

Радио за целото семејство – Пелагонија на дланка е мисијата на тимот на Радио Пела. Објективност, почитување на новинарските стандарди и подигнување контакт со публиката на повисоко ниво, користејќи дигитални алатки за професионално информирање. Ова се најважните работи за тимот на Радио Пела, медиум кој работи во рурална средина, од срцето на Пелагонија. Радио Пела е информативно-музичко радио, кое ги следи дигиталните трендови со содржина за мрежно поврзување со публиката, преку порталот www.radıopela.mk, Facebook и YouTube. Високо професионално новинарство, комбинација на три медиуми од еден уреднички персонал на високо професионален новинарски и технички тим е клучен двигател на содржината прилагодена на употреба преку Интернет, која е веродостојна за навремен пристап до клучните информации на публиката. Радио Пела е медиум за дигиталното време, во комбинација со аналогна техника за граѓаните кои не се во можност да ги следат современите трендови. Медиумите обезбедуваат објективни и конзистентни вести комбинирајќи текст, видео и аудио притоа почитувајќи ги следниве принципи: Радио Пела практикува независна уредничка политика, со максимално залагање за реализација на вести засновани врз факти, контактирање со засегнатите страни и нивна анализа. Радио Пела е непартиски и непристрасен медиум. Обезбедуваме простор за сите политички субјекти да го искажат своето мислење за нашите медиуми, притоа водејќи сметка информацијата да не ги нарушува вредностите на нашата уредничка политика. Транспарентноста е движечката сила зад нашата работа. Во суштина, ова значи дека довербата стекната од публиката се одржува на највисоко ниво, преку поголема достапност на медиумот на социјалните мрежи. Тимот на Радио Пела ги заснова своите вести, разговори и анализи преку презентирање на фактите и контактирање со засегнатите страни. Новинарските содржини се во согласност со Кодексот на Здружението на новинари на Македонија, како и во согласност со одлуките и препораките на Советот за етика на медиумите во Македонија (СЕММ). Радио Пела ја надоградува уредничката политика во согласност со промените во медиумскиот бизнис и особено во делот на социјалните медиуми што постојано доживува промени.

Valutazione degli utenti:

star star star star star
star star star star star
Frequencies

Frequenze

Microphone

Contatti

Website
https://radiopela.mk
Telefono
076/408-303
E-mail
radiopela@gmail.com
Aggiungi il widget di questa radio al tuo sito web
Monitoraggio della trasmissione tramite ACRCloud

Stazioni Correlate